Влатко Костов суспендиран еден месец, три меча казна за Роналдо Вебстер

Дисциплинската комисија во рамки на Фудбалската федерација на Македонија ги донесе следните одлуки:

Роналдо Вебстер, фудбалер на ФК Шкендија, се казнува со забрана на настап на три натпревари; 
Илија Апостоловски, фудбалер на ГФК Вардар Неготино, се казнува со забрана на настап на три натпревари;

Дино Михолов и Лука Бојаџиев, фудбалери на ФК Брегалница 2008, се казнуваат со забрана на настап на еден натпревар, додека Влатко Костов, шеф на стручен штаб на ФК Брегалница 2008, се казнува со забрана на вршење функција во траење од еден месец;

Арсим Љамалари и Иљаз Чилафи, фудбалери на ФК Шкендија Арачиново 77, се казнуваат со забрана на настап на еден натпревар, а Махир Ајрули со забрана на настап на пет натпревари. Исуфи Авдираман, комесар за безбедност на ФК Шкендија Арачиново 77, се казнува со забрана на вршење функција во траење од еден месец;

Дамјан Серафимов, фудбалер на ГФК Охрид и Егзон Белица, фудбалер на ФК Работнички, се казнуваат со забрана на настап на еден натпревар. Шабан Сулиман, тренер на ФК Работнички, се казнува со забрана на вршење функција во траење од еден месец;

Дисциплинската комисија покрена постапка против ФК Вардар поради користење пиротехнички средства на натпреварот од 31. коло против ФК Силекс. Поведена е дисциплинска постапка и против ФК Шкендија поради недолично скандирање на навивачката група на натпреварот од 31. коло против ФК Струга Трим Лум;

Против ФК Брегалница 2008 е поведена постапка поради слаба организација на натпреварот од 28. коло во Втора МФЛ против ФК Шкендија Арачиново 77. Дисциплинска постапка е поведена и против ФК Шкендија Арачиново 77 поради користење пиротехнички средства и влегување член на управа на теренот за игра на натпреварот против ФК Брегалница 2008;

- Оглас -

Најнови вести