Аргентинецот кој правеше чуда со Ривер плејт на клупата се наоѓа пред преселба во Европа

Марсело Гаљардо од следната сезона би можело да се пресели во Европа, откако со Ривер плејт освои сè што можеше да освои во Јужна Америка.

Гаљардо за осум години на клупата на Ривер плејт освои две титули во Копа Ливертадорес (Јужноамериканска Лига на шампиони), една титула аргентински шампион, три аргентински купа, трипати Рекопа Судамерикана и еднаш Копа Судамерикана.

Иако голем број европски клубови пројавуваат голем интерес за ангажман на Гаљардо, Аргентинецот од следната сезона би требало да биде тренер на Олимпик Марсеј.

Преговорите меѓу двете страни траат неколку дена и според француските медиуми, наскоро и официјално се очекува Гаљардо да биде промовиран во нов тренер на Олимпик Марсеј.

Олимпик Марсеј е без тренер откако Игор Тудор по последното коло во Лига 1 си поднесе оставка.

- Оглас -

Најнови вести