Аргентински голман со кикс на сезоната во МЛС лигата (Видео)

Голманот на Сан Хозе ертквикс, 35-годишниот Даниел Вега, направи огромна грешка на синоќешниот натпревар против ФК Далас, и на противникот му подари водство од 1-0. Сепак, „земјотресите“ не го загубија мечот, и конечниот резултат на оваа средба од МЛС лигата беше нерешени 2-2.

При 0-0, еден од одбранбените играчи на Сан Хозе му ја враќаше топката на Аргентинецот Вега, и тој наместо да ја смири, премногу беше опуштен, и таа од ногата му се одби и влезе во мрежата. На засрамениот Вега му доаѓаше да пропадне в земја, но мораше да продолжи да го чува голот и после овој брутален кикс, и една од најголемите голмански грешки кои се видени во историјата на фудбалот.

Тренер на Сан Хозе е Матијас Алмеида, па веројатно некогашниот аргентински репрезентативец ќе му прости на сонародникот, бидејќи екипата сепак не загуби и тој гол не беше пресуден.

Погледнете каква грешка направи Вега:

- Оглас -

Најнови вести