Охрид е подготвен за историја, Македонија и втора година по ред сака европски трофеј (Фото)

Ракометарите на Охрид имаат историска шанса која не смеат да ја пропуштат. Вечерва крај Охридското Езеро ќе се доделува европски трофеј, а Македонија има шанса и втора година тој да остане во нашата земја.

Охрид има еден гол предност од првиот меч против Татабања, па со било каква победа, дури и со реми, ќе го освои Европскиот куп, кој минатата сезона му припадна на Алкалоид.

И квотите во Sport Life предност му даваат на нашиот претставник, па квотата за победа на „сините“ од Охрид е 1.45, додека ремито има квота од 9.00. На победа на Татабања не сакаме ни да мислиме, но таа има квота од 3.50.

Мечот во „Билјанини Извори“ започнува во 20 часот, Охрид подготвува спектакл, а пред спортската сала ќе има и фан-зона за навивачите. Најавено е дека финалниот дуел од Европскиот куп ќе се гледа и на неколку локации низ градот на големи екрани, бидејќи интересот за финалето беше голем, а билетите се продадоа за само неколку минути.

- Оглас -

Најнови вести