Аргентинско изненадување за Полска, Лаутаро Мартинес е резерва (Фото)

Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, одлучи да го остави Лаутаро Мартинес на клупата за резерви за клучниот дуел со Полска вечерва од 20 часот на Мундијалот во Катар.

Најдобриот шпиц што го имаат Гаучосите досега двапати беше стартер, а сега ќе чека шанса од клупата.

Во стартниот состав го нема и Паредес од Јувентус, а останати изненадувања нема, па Лионел Меси ќе ги предводи Аргентинците кон посакуваната победа против Полска за прво место во Ц групата и настап во осминафиналето во Катар.

Но, и Полска има свои сметки и тие ќе тргнат од првата позиција во последното коло во Ц групата, а ги преводи расниот стрелец Роберт Левандовски.

Во вториот меч исто така од 20 часот ќе играат Саудиска Арабија и Мексико.

 

 

- Оглас -

Најнови вести