Аргентинско танго го заспа Палермо

Аргентинецот Тијаго Казасола го шокира лидерот Палермо и со гол во 93. минута и донесе три бода на Салернитана. Гостите изненадија со триумфот, а го сторија тоа со пресврт. Палермо повторно играше без капитенот Илија Несторовски, кој се уште не се вратил по повредата, иако се најавуваше негов кам-бек.

Цел меч за домаќините одигра вториот наш репрезентативец во Палермо, Александар трајковски, а почетокот за лидерот во Серија Б беше одличен. Мато Јајало постигна гол за предност од 1:0 во 17. минута, но потоа гостите од Салерно беа подобри и ги освоија бодовите.

Тинејџерот Андре Андерсон израмни со погодок во 41. минута, а по Бразилецот за Салернитана погоди и Аргентинецот Казасола за триумф од 2:1 на Салернитана.

Палермо и покрај поразот ќе остане на врвот на табелата со 37 бода од 19 натпревари, пет повеќе од Бреша и Пескара, екипи кои имаат по еден меч помалку.

- Оглас -

Најнови вести