Ниту Клоп, ниту Дешан, ниту Зидан: Флорентино Перес веќе го одбрал новиот тренер на Реал

Јасно е дека Реал Мадрид следната сезона ќе има нов тренер бидејќи клубот и втора година по ред остана без ниту еден трофеј. Алваро Арбелоа дојде како привремено решение по отказот за Чаби Алонсо и воопшто не ги задоволи критериумите за клуб како Кралскиот.

Неколку имиња се споменуваа како можни тренери на Реал Мадрид, а меѓу нив најзвучни беа Јирген Клоп, Зинедин Зидан и Дидие Дешан. Сепак, Флорентино Перес подготвува вистинско изненадување.

Претседателот на Кралевите веќе стапил во контакт со селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, па очекувањата се дека токму тој ќе биде новиот предводник на Реал Мадрид.

 

- Оглас -

Најнови вести