Аргентинците протестираа во Буенос Аирес: Марадона е убиен

Аргентинците излегоа на улиците на главнито град Буенос Аирес и протестираа против бавната истрага, како што истакнаа за мистериозната смрт на Диего Армандо Марадона.

„Диего не умре од срцев удар, тој е убиен“, стоеше на еден од транспарентите на протестот, а барањето е истрагата да се забрза и да се казнат винвниците за смртта на аргентинската фудбалска легенда.

Случајот и досегашните податоци за смртта на Марадона во ноември, лани носат многу сомнеже, иако официјално засега е дека почина од срцев удар.

Во истрагата која според луѓето што протестираа се одвива мнгу бавно има и осомничени лица, вкупно се 7 под сомнение, ноз асега нема напредок и конкретни резултати.

По смртта на Марадона беше објавен аудио запис што беше шокантен меѓу неврохирургот Леополд Луке и психијатарот Аугустина Косачов, а го објави аргентинскиот „Инфобае“.

Разговорот меѓу главниот доктор што беше задолжен за здравјето на Марадона и неговата лекарка-психијатар ја покажува негрижата на главните луѓе, кои сега се и првообвинети.

Уште пред да почине Марадона, докторот Луке, кој го оперираше фудбалскиот ас, им препорачал на колегите да објават дека Диего починал.

„Не се грижи, возам на автопат. Велиш дека е пред умирање. Тогаш објави дека е мртов. Да кретену стори го тоа. Изгледа дека дебелиот доживеал срцев удар. Немам поим што по ѓаволите сторил, на пат сум, доаѓам“, е најшокантниот дел од конверзацијата што е објавена, а се одвивала меѓу Луке и неговите колеги.

 

- Оглас -

Најнови вести