На докторот Луке не му било грижа дали Марадона ќе почине – Испратил срамна порака: Објави дека е умрен (Видео)

Шокантен аудиозапис од разговорите меѓу неврохирургот Леополд Луке и психијаторот Аугустина Косачов објави аргентинскиот „Инфобае“ што ја покажува негрижата на главните луѓе што се грижеа за здравјето на фудбалската легенда Диего Армандо Марадона.

Уште пред да почине Марадона, докторот Луке, кој го оперираше фудбалскиот ас, им препорачал на колегите да објават дека Диего починал.

„Не се грижи, возам на автопат. Велиш дека е пред умирање. Тогаш објави дека е мртов. Да кретену стори го тоа. Изгледа дека дебелиот доживеал срцев удар. Немам поим што по ѓаволите сторил, на пат сум, доаѓам“, е најшокантниот дел од конверзацијата што е објавена, а се одвивала меѓу Луке и неговите колеги.

https://twitter.com/JorRausch/status/1355892389043449857?s=20

Аугустина Косачов, која заедно со Луке сега е под истрага, се испаничила и се обидела со пораки на мобилниот телефон да му објасни на неврохирургот како Аргентинците реагираат на објавената вест за смртта на фудбалската легенда.

„Моментно е со тимот од Итната помош. Се обидуваат да го спасат, но немаат шанси. Изгледа дека закаснија 10-15 минути“, рекла Косачов, психијатарот што требаше да се грижи за состојбата на Марадона.

- Оглас -

Најнови вести