Никола Митревски го продолжи договорот, ќе брани за Еурофарм Пелистер и на 42 години

Еден од најдобрите голмани во историјата на македонскиот ракомет, Никола Митревски, останува во Еурофарм Пелистер и во следната сезона, со опција за продолжување и во сезоната 2027/28.

Македонскиот репрезентативен голман во октомври ќе наполни 41 година и ако остане до 2028, би го чувал голот на битолскиот тим и на 42-43 годишна возраст.

„Некои вредности се поважни од секоја победа и секоја титула. Затоа нашата одлука е недвосмислена – да ги задржиме тие вредности во клубот. Ни претставува задоволство што најдобриот македонски голман и во иднина ќе го носи дресот на Еурофарм Пелистер. Никола Митревски се обврза на нов договор за сезоната 2026/27 со својот матичен клуб, со опција за продолжување и за сезоната 2027/28.

Митревски е роден победник, дете на клубот, човек кој се изгради и како личност и како професионален со повеќе од две децении врвен ракомет. Освојуваше титули каде и да настапуваше, но задоволството е уште поголемо кога заеднички се радуваме на трофеи во Битола. Така ќе биде и во иднина.

Митревски е столб на репрезентацијата, а таа била и секогаш ќе биде составувана од најдоброто од Еурофарм Пелистер. Пред да се врати во нашиот клуб, Митревски настапуваше и за Вардар, Металург, Констанца, Бенфика и Порто“, велат од Е. Пелистер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести