Аријан Адеми испишува историја, стана прв играч со десет титули во дресот на Динамо

Македонскиот репрезентативен плејмејкер Аријан Адеми стана прв фудбалер во клупската историја на загрепскиот Динамо кој освоил десет шампионски титули во дресот на Модрите. Девет има Томо Бутина. Адеми од 2010 година е во Динамо, сега е и капитен, а има вкупно 18 трофеи (10 титули во првенството, пет во Купот и три во Суперкупот на Хрватска), со што исто така е рекордер во историјата на Динамо.

Европски рекордер по број на шампионски титули со еден ист клуб е украинскиот голман Олександер Шовковски, кој со Динамо Киев освои 14 титули. Зад него е Рајан Гигс со 13 титули во Манчестер јунајтед. По десет имаат Адеми и ексголманот Витор Баија со Порто.

Адеми на 293 меча за Динамо има 29 гола и 24 асистенции, а клупски рекордер е и по бројот на мечеви во европските купови (84).

- Оглас -

Најнови вести