Армијата прогнозери што ја играат бесплатната игра на Sport Life и Спорт Манија се подготвени за предизвикот во 19 коло од четвртата сезона на популарната Тринаесетка и се очекува и првиот добитник на „ајфон12“.
Трката за прекрасниот мобилен телефон во ова коло трае до 15 часот денеска, кога е последниот термин да ги одиграте паровите што се на менити на Спортска прогноза.
Паузата поради божикните и новогодишните презници заврши и сега е на ред да се одигра популарната Тринаесетка.
Почетокот е малку вон стандардот досега и колото ќе почне со дуел од Серија А денеска од 15 часот меѓу Сампдорија и Торино.
Потоа од 15.30 часот следат два меча од Бундеслигата, па Германците ќе направат и хет-трик со натпреварот од 18,30 часот меѓу Борусија Менхенгладбах и Баер Леверкузен.
Во истиот термин ќе се игра и во Бирмингем, каде Астон Вила ќе му биде домаќин на Манчестер јунајтед.
Бетис и Севилја е првото големо дерби во ова коло,а големите градски ривали ќе играат меч од Копа Дел Реј. Како напомена за сите играчи на Спортска прогноза е дека важи конечниот резултат во регуларниот дел од натпреварот.
Утре ќе се играат уште 7 натпревари од ова коло на Спортска прогноза, а во фокусот е дербито на Северен Лондон меѓу Тотенхем и Арсенал.
Интересноќе биде и во Марсеј каде гостува шампионот Лил и во Бергамо на дербито во Серија А меѓу Аталанта и Интер.