Арминија ја најде слабата точка на Баерн

Баерн Минхен и Арминија Билефелд играат фантастичен натпревар од Бундеслигата, а гостите на 15 минути до крајот имаат одлични 3-3, иако водеа и со 3-1. Арминија доминираше во првото полувреме кое се играше на терен покриен со снег и водеше со 2-0. Тимот од Билефелд до пред овој меч имаше дадено само 15 гола цела сезона, а вечерва на првакот во Минхен му даде дури три.

Ариминија даде и четврти гол, кој беше поништен поради сомнителен офсајд. Сепак, изгледа Баерн ќе се извлече од пораз бидејќи во второто полувреме веќе нема снег и теренот е чист.

- Оглас -

Најнови вести