Мерак коло во Бундеслигата за обложување, Васоски има тикет со квота 50

1802 Арминија – Волфсбург (Сабота, 15.30)

Флоријан Кохфелд ги разбуди Волците и на два меча како нов тренер Волфсбург има две победи во Бундеслигата, а јас очекувам и хет-трик.

Гостите имаат многу повредени играчи, најавено е дека дури осуммина нема да играат, но поголемиот дел не се првотимци.

Арминија во минатото коло конечно забележа победа, прва и тоа по малку и изненадувачка против Штутгарт на гостински терен, но нема квалитет да се носи рамноправно со германскиот претставник во Лигата на шампионите.

Предлог тип:2 (1.95)

 

1803 Борусија Менхенгладбах – Гројтер фурт (Сабота, 15.30)

Гројтер фурт не може да игра рамноправно со конкурентите во силната Бундеслига и е на пат да се врати во Цвајта.

Со 10 порази и само едно реми и еден освоен бод по 11 кола новиот прволигаш е убедливо најслаб тим во лигата и би било чудо да се спаси.

Чуда тешко се случуваат на „Борусија Парк“, еден од најтешките терени за гостување во Германија.

Борусија има голема предност, а тоа јасно го покажува и традицијата со четири порази на Гројтер на исто толку гостувања досега во Менхенгладбах.

Предлог тип: 1-1&3+(2.55)

 

1804 Баер Леверкузен – Бохум (Сабота, 15.30)

Бохум направи убав пресврт со четири победи на последните пет меча, вклучувајќи го и купот на Германија, но според мене нема шанси за успех на „Бај арена“.

Бохум засега покажа најмногу од новајлиите во Бундеслигата, но битката за опстанок допрва следи.

Баер е во криза со четири меча без победа и има убава шанса денеска да ја прекине лошата серија со победа против голем аутсајдер.

Фармацевите имаат тим за позиција во горниот дом, а три бода денеска ќе ги задржат во Топ-6 и во битката за настап во Лигата на шампионите.

Предлог тип:1-1&3+ (2.55)

 

1805 Борусија Дортмунд – Штутгарт (Сабота, 15.30)

Милионерите се единствената екипа во германското првенство што не одиграле нерешено во 11 кола и според мене серијата ќе продолжи.

Иако многу им недостасува Ерлинг Халанд, денеска ќе имаат дополнителни мотиви за победа со која ќе му се доближат на еден бод на шампионот Баерн.

Штутгарт има големи проблеми со отсуство поради повреди на дел од клучните играчи и тоа им се одрази на резултатите.

Имаат пет меча по ред без триумф, а во тој циклус Келн ги исфрли од Купот на Германија.

Особено разочарување им е последниот пораз на домашен терен од Арминија, а денеска очекувам Борусија да им се реваншира за катастрофалниот пораз лани на „Вестфален“ кога Штугтарт блесна со победа од 5:1.

Предлог тип:1-1&3+ (2.30)

 

1806 Хофенхајм – Лајпциг (Сабота, 15.30)

Според традицијата Хофенхајм и Лајпциг во последно време играат натпревари со малку голови, но очекувам денеска да биде поинаку.

И двете екипи засега се во Топ-5 според ефикасноста и тоа ќе го покажат во меч што е многу значаен.

Лајпциг фати ритам и е во серија од пет меча без пораз, па Биковите секако ќе сакаат низата да продолжи и да победат со што ќе останат сигурно во првата петорка на табелата.

Хофенхајм без Крамариќ, Баумгартнер, Руди, Сков и уште неколку значајни фудбалери за нив сепак мора да оди на победа, за да се приклучи кон горниот дел на табелата, па очекувам фајтерски фудбал, без калкулации и со многу голови.

Предлог тип: 4+(2.13)

 

 

- Оглас -

Најнови вести