Армиската одбрана е непробојна – ЦСКА го доби руското дерби против Химки (Видео)

ЦСКА Москва одигра неверојатно добра дефанзива во третиот период во руското дерби со Химки, прими само шест поени за 10 минути, што беше клучно за победа од 78:69.

https://twitter.com/EuroLeague/status/1222933522823835648?s=20

Гостите ги добија првите три четвртини и водеа со 21 поен разлика, па победникот беше познат, иако во финишот се разбуди Алексеј Швед. Бекот на домаќините го почна последниот период само со 7 поени и до крајот нанижа вкупно 27, но веќе беше доцна за подвиг и пресврт.

Кај ЦСКА, Мајк Џејмс беше најефикасен со 21 поен. Армејците по 22 одиграни натпревари во Евролигата, се задржаа на второто место со 16 победи и шест порази. Химки има 9 победи и 13 порази со шанси за пробив во најдобрите осум екипите што ќе играат за титулата.

- Оглас -

Најнови вести