Одбојкарите немаа сили за изненадување против Холандија

Македонскиот машки одбојкарски национален тим во „Парк“ во Струмица претрпе убедлив пораз од 0-3 во сетови против Холандија на стартот на Европската лига.

Тимот на селекторот Јошко Миленкоски е ослабен со неиграњето на Љафтов и тој хендикеп се почувствува против Лалињата кои беа подобри во трите сета со 25-19, 25-21 и 25-22.

Следен меч за нашите одбојкари во ова натпреварување ќе биде оној в недела против Луксембург, истотака во Струмица. До крајот на месецов, Македонија ќе игра и со Исланд, Грција, Косово и Израел, а потоа во септември во Софија играме на Европско првенство.

За разлика од претходните издание кога Лигата беше поделена на Златна и Сребрена, од оваа година таа е обединета и има ново значење, односно ја превзема улогата и на квалификациски циклус за Европското првенство 2028. Секој сет, бод и победа може да значат чекор поблизу до нов континентален собир за машкиот национален тим.

 

- Оглас -

Најнови вести