Светското првенство започнува на 11 јуни, а во пресрет на најголемиот фудбалски спектакл статистичарите составија интересен идеален тим од највозрасните фудбалери кои ќе настапат на турнирот.
На голот се најде највозрасниот учесник на Светското првенство – шкотскиот чувар на мрежата Крег Гордон. Со 43 години и 162 дена тој е постар и од легендарните Мануел Нојер и Гиљермо Очоа, кои исто така ќе настапат на Мундијалот.
Одбранбената линија ја сочинуваат Јуто Нагатомо од Јапонија (39), Николас Отаменди од Аргентина (38), Мајкл Боксал од Нов Зеланд (37) и американскиот дефанзивец Тим Рим (38).
Во средниот ред место доби и освојувачот на Златната топка, Лука Модриќ. Четириесетгодишниот хрватски маестро е придружуван од Идриса Гује од Сенегал (36) и од белгискиот ветеран Аксел Вицел (37).
Во нападот се Лионел Меси (38), Кристијано Роналдо (41) и Един Џеко (40).


