Армстед е повреден, Косово без натурализираниот играч доаѓа во Гевгелија?

Натурализираниот косовски репрезентативец, Малколм Армстед, има повреда и неговиот настап на претстојниот натпревар в недела со Македонија во Гевгелија е неизвесен. Армстед, кој е член на турскиот прволигаш Бујукчекмеџе, викендов играше само 6 минути за својот тим и ја известил Косовската федерација дека е повреден.

Косово во четврток гостува кај Романија, a три дена подоцна доаѓа кај нас на мегдан со избраниците на селекторот Јорданчо Давитков. Армстед е ставен на пријавната листа, но минимални се шансите да заигра. Селекцијата на Косово ќе биде ослабена без него, и тоа е добра вест за ривалите со кои се натпреварува во претквалификациите за Евробаскетот 2021.

Македонската репрезентација утревечер го има првиот собир во Скопје, а потоа заминува за Гевгелија и ќе тренира во салата „26 Април“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести