Арнаутовиќ се „изнапромашува“, па донесе победа за Интер, реми во Ајдховен (Видео)

Финалистот од минатата сезона на Лигата на шампионите, Интер, дојде до значајна победа од 1-0 над Атлетико Мадрид на првиот осминафинален натпревар. Единствениот гол на мечот беше дело на Марко Арнаутовиќ во 79-тата минута, откако еден отпадок го претвори во гол. Репрезентативецот на Австрија лесно можеше да биде и трагичар на Интер, со оглед на тоа дека промаши неколку одлични прилики за гол, но на крајот се најде на вистинското место, во вистинското време и донесе голема победа за Интер.

Без победник заврши вториот вечерашен дуел, оној помеѓу ПСВ Ајдховен и Борусија Дортмунд. Гостите од Германија дојдоа во водство во првото полувреме преку Мален, а домашните израмнија преку Де Јонг од пенал.

- Оглас -

Најнови вести