Арсенал доби корпа од Астон вила, 55 милиони фунти се премалку за одличниот Бразилец

Екипата на Астон вила игра одлично сезонава, со што го привлече вниманието на гигантите за нејзините фудбалери и прв кој се јави со конкретна понуда е Арсенал.
Управата на Арсенал веќе испратила неколку понуди за играчот од средниот ред Даглас Луис, но сите биле одбиени.

Менаџерот на Астон вила, Унаи Емери, и директоро Мончи воопшто немаат намера да ги слушаат понудите за нивните фудбалери од заинтересираните екипи. Англиските медиуми пишуваат дека последната понуда на Арсенал изнесувала 55 милиони евра и експресно била одбиена.

Даглас Луис во Астон вила пристигна пред четири години од Манчестер сити и досега одигра 165 натпревари, на коишто постигна 18 гола и има 14 асистенции.

- Оглас -

Најнови вести