Арсенал договори бек за следната сезона

Левин Курзава од ПСЖ ќе биде новата аквизиција на Арсенал. Французскиот лев бек по крајот на оваа сезона ќе се пресели во редовите на клубот од Лондон како слободен играч, бидејќи во јуни му истекува соработката со францускиот шампион.

Курзава се согласил на понудата да потпише петгодишен договор со Топчиите, така што ангажманот ќе се официјализира по стартот на летниот преоден рок.

Фудбалерот кој одби преселба во Интер, сезонава запиша вкупно 14 настапи за Светците на кои намести еден погодок, а една од причините што одлучи да го напушти Париз по пет години е неконстантно играње, Курзава често е втора опција на левата бековска позиција зад Бернат.

- Оглас -

Најнови вести