Арсенал едноставно мора да победи

1009 Њукасл – Арсенал (Премиер лига Англија, 21:00 часот)

„Топчиите“ се борат за враќање во Лигата на шампионите по пауза од пет сезони а по победата на Тотенхем над Барнли вечерва едноставно мора да победат.

Њукасл нè е наивен тим иако нема резултатски мотив на средбата, но, скаа да се докаже пред големите екипи со оглед на тоа дека од следната сезона амбициите на овој клуб ќе бидат далеку поголеми.

На трите последни гостувања на „Сент Џејмс Парк“, Арсенал се радува на победата, а не гледаме причина зошто и вечерва тоа да не биде така.

Предлог тип: 2 (1.81)

 

2508 Розенборг – Сандефјорд (Типелига Норвешка, 18:00 часот)

Очаен старт во новата сезона има најголемиот и најпознатиот норвешки тим. Само шест бода по пет одиграни натпревари што е доволно за борба за опстанок, што е јасен знак дека нешто нè е во ред.

Денеска за ривал го имаат Сандерфјорд кој што исто така има исто бодови, но само поради подобрата гол разлика се наоѓа едно место место погоре.

Розенборг пред своите навивачи нема право на „кикс“ а со нови три бода, сето тоа би изгледало многу подобро во пресрет на остатокот од сезоната во норвешкиот шампионат.

Предлог тип: 1&3+ (2.12)

 

1011 Хадерсфилд – Лутон (Чемпионшип Англија, плеј-оф, 20:45 часот)

Првата средба меѓу овие две екипи заврши 1:1 па така вечерва ќе се знае која од овие две екипи ќе патува на Вембли во големото плеј-оф финале.

Според нас, Хадерсфилд ја има малата фаворитска улога, бидејќи предноста од домашен терен секако дека ќе биде на нивна страна. Но, тоа е само мал дел, бидејќи Хадерсфилд има далеку повреден тим, иако тоа не мора да значи ништо.

Во април овие две екипи се сретнаа токму на теренот на вечерашниот домаќин кој што славеше со 2:0, а тоа е доволен показател за разликата во квалитет.

Предлог тип: 1 (2.20)

 

1959 Галатасарај – Аданаспор (Супер лига Турција, 19:00 часот)

Од трите најголеми клубови од Турција, Галата највеќе разочара бидејќи се наоѓа на очајното, 13-то место со само 48 бода по 36 одиграни натпревари а на лето ќе биде потребен целосен ремонт, за да се врати овој гигат на самиот врв.

Средбата против Аданаспор тим во кој што игра Марио Балотели, нема резултатско значење, па затоа и вреди да се одигра на голови.

Адана на четири од последните пет средби игра 3+, а квотата во Sport Life за такво нешто денеска изнесува привлечни 1.61.

Предлог тип: 3+ (1.62)

 

3010 Јувентус – Лацио (Серија А Италија, 20:45 часот)

Јувентус втора сезона по ред е далеку од борбата за Скудетото во Италија, но за разлика од минатата, оваа, дојде полесно до пласман во топ четири.

За нив оваа средба нема разултатско значење, иако посакуваат со победа да се одјават од пред своите навивачи. Лацио, пак се бори со Рома и Фиорентина за потврда на петтото место, а со евентуални три бода вечерва ќе си обезбеди пласман следната сезона во Лигата на Европа.

Во последните пет средби на „Алијанц арена“, Лацијалите славеле само еднаш и тоа во 2019 година, а за оваа средба веројатно би биле задолни и со реми.

Предлог тип: Х2&0-3 (2.25)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести