Челзи ќе го предизвика Манчестер сити во финалето на ФА купот (Видео)

Челзи се пласираше во финалето на ФА купот, откако на „Вембли“ го совлада Лидс јунајтед со 1-0.


Единствениот погодок го постигна капитенот Енцо Фернандес во 23-тата минута, по одлична акција на Челзи.


Тимот од Лондон до оваа победа доаѓа по серија тешки резултати во Премиер лигата, каде што имаше пет последовни порази без постигнат гол, а претходно беше елиминиран и од Пари Сен Жермен во Лигата на шампионите.


Челзи го започна мечот со неколку изненадувања во составот, но првата голема шанса ја имаше Лидс во 15-та минута преку Арoнсон, чиј удар го одбрани голманот Роберт Санчез.


Само неколку минути подоцна, Жоао Педро ја погоди стативата, најавувајќи го притисокот на Челзи, кој брзо резултираше со водство. Во 23-та минута, по украдена топка од пресинг, акцијата продолжи преку Педро Нето, кој асистираше за голот на Енцо Фернандес.

Во вториот дел Лидс се обидуваше да се врати, но Роберт Санчез со неколку клучни одбрани го зачува водството на својот тим.

Со оваа победа, Челси го обезбеди големото финале на ФА купот, каде што ќе се соочи со Манчестер сити на 16 мај, повторно на „Вембли“.

- Оглас -

Најнови вести