Повредата е сериозна: Салах го одигра последниот меч за Ливерпул

Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах, ќе го пропушти остатокот од сезоната откако заработи повреда на бутниот мускул при победата од 3-1 во Премиер лига против Кристал Палас, изјави директорот на египетската репрезентација Ибрахим Хасан.


33-годишниот фудбалер, кој веќе најави дека ќе го напушти актуелниот шампион на Англија по крајот на сезоната, ја поздрави публиката кога излезе од игра поради повреда во 60-тата минута.


Според Хасан, сепак, Салах ќе биде подготвен за Светското првенство.


Ливерпул не објави официјални информации за состојбата на Салах, но Хасан истакна дека египетската ѕвезда го одиграла последниот натпревар за Црвените.


„Станува збор за кинење на задната ложа и ќе му бидат потребни четири недели рехабилитација“, изјави Хасан.


По девет сезони исполнети со трофеи, ерата на Салах во Ливерпул се приближува кон крај. Неговото збогување ќе биде одбележано со обраќање до навивачите по последниот натпревар од сезоната против Брентфорд. До крајот, Ливерпул има уште два домашни меча, против Челзи (9 мај) и против Брентфорд (24 мај), како и гостувања кај Манчестер јунајтед (3 мај) и Астон Вила (17 мај).


Како трет најдобар стрелец во историјата на Ливерпул, Салах оваа сезона има 12 голови и девет асистенции во сите натпреварувања. Хасан потврди дека Салах ќе биде подготвен за Светско првенство 2026, каде што Египет ќе игра во група со Белгија, Нов Зеланд и со Иран.

- Оглас -

Најнови вести