Арсенал го купува играчот којшто Атлетико и Јувентус не го сакаат во своите редови

Арсенал за малку не успеа да обезбеди настап во Лигата на шампионите, па затоа на лето следи дополнително засилување на редовите.

За нив интересен е Алваро Мората, кој што не е посакуван од Јувентус, каде што играше изминативе две сезони на позајмица, како и Атлетико Мадрид, клубот со кој има важечки договор.

Јуве не беше заинтересиран да ја откупи клаузулата од 30 милиони евра, додека според некои информации, Атлетико би се согласил и на поевтина продажба се со цел да се ослободи буџетот на тимот.

Во својата кариера, шпанскиот репрезентативец играше и за Реал Мадрид и Челзи, а за Јуве во последниве две сезони забележа 67 настапи и даде 20 погодоци.

 

- Оглас -

Најнови вести