Арсенал го претстави Рамсдејл – Трансферот може да чини 30 милиони фунти

Арсенал го претстави новото летно засилување Арон Рамсдејл, голман кој пристигна од Шефилд јунајтед во трансфер што вреди 24 милиони фунти за четири години, но сумата со бонуси може да достигне и вредност од 30 милиони фунти.

Топчиите се засилија на голманската позиција, а со овој трансфер вкупно потрошија над 130 милиони фунти, откако веќе ги купија и Одегард, Вајт, Локонга и Тавареш.

Рамсдејл го одбра дресот со број 23 и според најавите ќе биде во конкуренција за настап вече в недела на лондонското дерби што ќе се игра меѓу Арсенал и Челзи.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести