Арсенал го растури Брајтон и (привремено) се врати на врвот од Премиер лигата (Видео)

Фудбалерите на Арсенал забележаа убедлива победа од 0-3 на гостувањето кај Брајтон и се искачија на лидерската позиција на табелата во Премиер лигата. „Топчиите“ таму ќе останат најмалку до утре во 18:30 часот, кога е планирано да заврши дербито помеѓу Манчестер јунајтед и Ливерпул.

Резултатот го отвори Букајо Сака во 33-тата минута од пенал и тоа беше единствениот погодок во првото полувреме. Во вториот дел Арсенал постигна уште два гола, преку Каи Хаверц во 62-рата минута и Леандро Тросар во 86-тата минута.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести