Арсенал го растури триото Лака, Сака и Џака – Си заминува францускиот напаѓач

Популарното трио Лака-Сака- Џака веќе нема да игра заедно во Арсенал, откако Топчиите и официјално објавија дека Александре Лаказет ќе си замине од клубот.

„Ти благодариме Лака“, објавија Топчиите од Лондон на својата официјална клуоска страница.

Лаказет пристигна во Асренал во 2017 година од Лион и има точно 206 настапи за клубот од Лондон во сите натпреварувања.

Постигна 71 погодок во црвениот дрес и двапати беше топ-стрелец на англискиот гигант, во сезоните 2017/18 и во 2020/21.

Договорот со Арсенал му истекува на 30 јуни и ќе си замине без отштета.

- Оглас -

Најнови вести