Арсенал го руши рекордот во Премиер лигата, подготви 150 милиони евра за соиграчот на Елмас

Лидерот во Премиер лигата, Арсенал, планира во летниот преоден рок да понуди рекордни 150 милиони евра за напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен.

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, кој успешно го води тимот кон шампионската титула, ја убедил управата дека му е потребен уште еден елитен напаѓач покрај Габриел Жесис, кој моментно е повреден, за да може да ја нападне титулата во Лигата на шампионите следната сезона.

Управата го прифатила неговото барање и за претстојниот летен преоден рок подготви 150 милиони евра за Осимен, пишуваат англиските медиуми.

Тие исто така пишуваат дека Арсенал е главен фаворит за потпис со одличниот напаѓач на Наполи кој сезонава постигна 21 гол во Серија А, иако голема конкуренција се очекува да му биде Манчестер јунајтед.

Доколку Топчиите го реализираат трансферот на Осимен, тоа ќе претставува нов рекорд во Премиер лигата бидејќи актуелен рекордер е Челси кој на почеток од годинава плати 120 милиони евра за Енцо Фернандес.

- Оглас -

Најнови вести