Арсенал и Бенфика ги демолираат Ленс и Интер, Реал и Наполи продолжија една интересна традиција

Арсенал води со убедливи 5:0 против Ленс по првото полувреме во дуел од петтото коло од Лигата на шампионите. Со овој резултат сосема е извесно дека Топчиите ќе го освојат првото место во групата. Пет различни стрелци имаше за Арсенал, а погодија Хаверц, Габриел Жезус, Сака, Мартинели и Одегард.

Интер го има осигурено местото во нокаут-фазата од ЛШ, но на гостувањето во Лисабон кај Бенфика, Нераѕурите одиграа кошмарно прво полувреме. Бенфика, која по првите четири кола нема освоено ниту еден бод, сега води со 3:0 и тоа благодарение на трите погодоци на Жоао Марио. Некогашниот играч на Интер погодуваше во петтата, 13-тата и 34-тата минута.

Реал Мадрид води со 2:1 против Наполи на „Сантијаго Бернабеу“ во меч на кој италијанскиот тим прв даде гол. Џовани Симеоне погоди за Наполи во деветата минута, но потоа Реал возврати со два гола, и тоа прво преку Родриго во 11-тата минута и Белингам 11 минути подоцна. Ова е четврти дуел по ред меѓу овие два тима на кои Наполи прв дава гол, а потоа Реал прави пресврт.

Унион Берлин води на гости кај Брага со 1:0 благодарение на погодокот на Госенс. Брага во 30-тата минута остана со играч помалку по исклучувањето на Нијакате. По првото полувреме немаше голови на мечевите меѓу Реал Сосиедад – Салцбург и Баерн Минхен – Копенхаген.

- Оглас -

Најнови вести