Арсенал и Јунајтед загубија, па Тотенхем со две раце го прифати подарокот

Тотенхем со 4-0 ја прегази Астон Вила, користејќи ги киксевите на Арсенал и Манчестер јунајтед кои му се ривали за четвртото место во Премиерлигата кое води во Лигата на шампионите.

Кореецот Сон имаше хет-трик, еден гол даде Кулушевски, но голем придонес за победата има и голманот Љорис, кој во првото полувреме правеше чуда и имаше дури седум одбрани.

Ако се изземат пеналите, тогаш Сон е најефикасен играч во Премиерлигата сезонава.

Тотенхем беше убиствен, од пет шута во рамките, даде четири гола, па сега има три бода повеќе од Арсенал, а Топчиите се во еден меч помалку. Вест Хем и Манчестер јунајтед се на шест бода помалку, а ист број одиграни натпревари на седум кола до крајот на сезоната.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести