Утре сите во „Јане Сандански“, Македонија игра финалиња на СП, влезот е слободен

Поради голем интерес, двата финални натпревари во женска и машка конкуренција на Светското училишно првенство во ракомет ќе се одиграат утре во големата сала „Јане Сандански” во Скопје, по следниот распоред:

14:00 часот Македонија – Хрватска (женска конкуренција)
16:00 часот Македонија – Израел (машка конкуренција)

Влезот во салата „Јане Сандански” е слободен за сите кои сакаат да ги поддржат двете репрезентации на Македонија.

Федерацијата на училишен спорт на Македонија ја повикува македонската јавност да дојде и да ги поддржи нашите кадетки и кадети, кои во изминатите денови, и на теренот и надвор од него, достоинствено ја претставија нашата земја во најдобро светло.

„За нас, како Федерација, тие веќе се шампиони. Им благодариме за одличните натпревари и фер-плеј играта. Воедно, сакаме да им се заблагодариме на сите кои во изминатите денови од лице место ги бодреа нашите надежи“.

- Оглас -

Најнови вести