Полуфиналето помеѓу ПСЖ и Баерн Минхен многумина го нарекуваат финале пред финалето, кој и да оди од нив во мечот за титула во Лигата на шампионите, ќе биде фаворит таму.
Германците делуваат импресивно и ефикасно, но и Светците кои се актуелни европски шампиони, играат одлично. Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, кажа дека нема подобар од неговиот тим.
„Ова се двата најдобри тима, а и Арсенал има одлична сезона. Во однос на конзистентноста, Баерн можеби е малку пред нас. Но, со оглед на тоа што покажавме, нема подобар тим од нас“, рече Енрике на денешната прес-конференција во Париз.
Шпанскиот стручњак смета дека двата тима се многу силни во нападот и дека ќе одлучува подобрата одбрана.
Тренерот на ПСЖ истакна дека не се потребни посебни говори или мотивации.
„Кога играте полуфинале од Лигата на шампионите, не ви е потребен тренинг. Не ви е потребна мотивација, напротив, потребна е смиреност. Треба да се најде вистинската рамнотежа. Иако има тимови кои напаѓаат многу добро, но мора да знаете како да се браните, тоа ќе биде клучот. Мора да знаете како да се браните против вакви тимови“, вели Енрике.
ПСЖ и Баерн играа трипати меѓусебе од почетокот на минатата сезона. Во ноември 2024 во лигашката фаза, Баварците доома победија со 1-0, лани во јули на Светско клупско во САД, францускиот тим победи со 2-0, а Баерн славеше среде Париз со 2-1 во ноември во лигашкиот дел на ЛШ.

