Арсенал и Манчестер јунајтед без муниција, гостите имаа помош и од ВАР собата?

Премиерлигашкото дерби помеѓу Арсенал и Манчестер јунајтед одиграа без голови, и ја продолжија серијата која сега изнесува пет нивни меѓусебни дуели по ред во кои играат со 0-2 гола. Според шансите, требаше да има голови на двете страни, а можеше да има и едно исклучување, но изостана реакција од ВАР собата по нагазувањето одзади на Бруно Фернандеш над Гранит Џака.

Ако ништо друго, Јунајтед остана непоразен сезонава на гостувањата и прекина мини-серија од два порази по ред во пресметките со лондонските топчии. Деби во дресот на Арсенал имаше Мартин Одегард, прв Норвежанец кој заиграл за Арсенал во последните 27 години.

- Оглас -

Најнови вести