Арсенал и Сент Етјен со „тројки“ може да стигнат до топ 4

Во топ 5 лигите во Европа денеска се играат само два меча, во кои домашните бркаат победи за да се пробијат меѓу екипите кои се во трка за места во Лигата на шампионите. Обложувалниците Sport Life стандардно нудат три квоти на денот, а ние како додаток уфрливме по еден меч од данската и грчката лига.

 

Арсенал – Њукасл (21.00 часот)

На Арсенал секој бод му е важен за излез на европска сцена, се бори за четврто место и мора да запне против „чавките“. Њукасл е 14-ти на табелата, но не е премногу сигурен во борбата за опстанок. Традицијата и домашниот терен се големи предности на „топчиите“. Во 2010 година Њукасл последен пат си замина непоразен од гостување кај Арсенал.

Предлог тип: Т1 1+I& 1+ II (2.10)

 

Сент Етјен – Ним (20.30 часот)

Сент Етјен ја брка четвртата позиција на која се наоѓа Олимпик Марсеј. Разликата е само два бода, па „светците“ ако победат, ќе избијат на четвртото место. Ним е во златната средина и игра променливо. Домашните се фаворити на овој меч, но последните две меѓусебни пресметки (се играа во Ним) завршија нерешено.

Предлог тип: 1Х & 3+ (2.30)

 

Малме – Хакен (19.00 часот)

Ова е меч од првото коло во новата сезона во шведската лига и убава можност за Малме со победа да ја отвори сезоната. Резултатите од пријателските средби во подготвителниот период не мора ништо да значат, па затоа подобро е да се игра на голови бидејќи нема сигурност каков ќе биде исходот. Во последните три дуели, двата тима победија по еднаш, а еднаш беше нерешено.

Предлог тип: 1+I & 3+ (2.20)

 

Архус – Вејле (19.00 часот)

Домашните се фаворити во овој дуел, кој е од лигата за опстанок во Данска. Вејле е последен во групата 1 од плејаутот и има четири порази на пет меча, но и Архус не е во добра форма, во последните четири меча освои само еден бод. Два од последните три меѓусебни дуели на овие екипи завршија со резултат 1-1.

Предлог тип: ГГ & 3+ (2.25)

 

Смирнис – Панатинаикос (18.00 часот)

Панатинаикос не е тоа што беше некогаш, но Смирнис е закован на дното на табелата. Смирнис има само 10 бода, во минатата сезона дома освои бод кога одигра 0-0 против ПАО, па ќе се обиде да го повтори тоа. „Зелените детелинки“ од 16 февруари наваму немаат дадено гол, но во ноември дома му дадоа пет на Смирнис.

Предлог тип: 2 & 0-3 (1.76)

- Оглас -

Најнови вести