Арсенал и со фудбалер помалку стигна до втората победа (Видео)

Фудбалерите на Арсенал се радуваа на теренот на Кристал палас, и тоа благодарение само на еден постигнат гол. Топчиите победија минимално со 1:0 благодарение на голот на капитенот Мартин Одегард, и тоа од пенал во 54-тата минута. 

Арсенал во текот на целиот меч беше подобар тим, гостите создаваа шанси и доминираа, но сепак, малку фалеше фаворитот да ја прокоцка предноста. Гостинскиот играч Такехиро Томијасу доби два жолти картони за краток период, па од 67-мата минута Арсенал беше со фудбалер помалку.

Во тие моменти Арсенал покажа дека има и стабилна одбрана и не дозволи да прими гол, па сега лондонскиот тим со шест бода од два меча е една од трите екипи кои имаат максимален учинок по две кола.

- Оглас -

Најнови вести