Атлетико Мадрид ја елиминираше Барселона во четвртфиналето на Лигата на шампионите, а тимот на Диего Симеоне истото го направи и во 2014 и 2016 кога стигнуваше до финалето.
Атлетико е изненадувачки полуфиналист, пред ова четвртфинале Барса беше фаворит, но Симеоне уште еднаш покажа дека е мајстор за европски нокаут битки со Каталонците од кои речиси редовно губи во Ла Лига. Фановите на мадридскиот тим велат дека односот е ваков затоа што во ЛШ не им судат шпански судии кои ги обвинуваат дека ја протежираат Барса. Симеоне е единствен тренер кој трипати ги елиминирал Каталонците во ЛШ.
Во 2014 и 2016 после Барса минуваа уште една пречка пред да ги загубат финалињата од Реал Мадрид (вакво финале е можно и годинава), и тоа треба да ги замисли нивните полуфинални ривали, без разлика дали ќе биде Арсенал или пак Спортинг Лисабон.

