ВАР технологијата ги преиначи одлуките на судиите на двата меча во ЛШ вечерва, па екипите на Барселона и Ливерпул само кратко се радуваа во средината на второто полувреме.
Барселона даде гол, славеа водство од 3-1, но снимките покажаа дека стрелецот Феран Торес бил во офсајд позиција, па на семафорот и натаму стои 2-1 за Барса.
Во Ливерпул беше досуден пенал за домашните, но откако судијата виде забавена снимка, се премисли и го поништи пеналот, па Ливерпул остана без шанса да поведе 1-0 против ПСЖ, против кој бркаат негатива од 0-2 од првиот меч. Во 73-та минута Дембеле даде гол и сега пред Ливерпул е невозможна мисија против европскиот првак.

