Шпанскиот гигант Барселона за првпат во својата историја 11 години нема финале во Лигата на шампионите, а да играла во елитното натпреварување во сите тие 11 сезони по ред.
Барса првпат беше европски првак во 1992, играше финале и во 1994, потоа чекаше 12 години, но во тој период не играше само во ЛШ. Од 2015, кога последен пат беа на тронот, редовно се во ЛШ и никако да стигнат до толку посакуваното финале. Се редеа разочарувања и болни елиминации, таква е и оваа вечерашната од Атлетико Мадрид.
Елиминацијата на Барса натера некои фанови да потсетат на клетвата од навивачи на Леганес од 2020 година, кои посакаа Барса 40 години да не ја освои Лигата на шампионите откако Каталонците од кај нив го купија Данецот Мартин Брајтвајт.
„Сакавте да ни го земете Брајтвајт и да го уништите Леганес. Е ,па 40 години ќе бидете без титула во Лигата на шампионите“, беше објавата од навивачи на малиот мадридски клуб.

