Атлетико Мадрид и ПСЖ се полуфиналисти во Лигата на шампионите.
ПСЖ со голови на Усман Дембеле пак го победи Ливерпул со 2-0, ова е втора година по ред во која Светците го исфрлаат клубот кој од англискит има најмногу титули во ЛШ.
Амициозната Барса која 11 години нема финале и титула во ЛШ, тргна фуриозно, рано даде два гола, но победи во Мадрид против Атлетико само со 2-1, и понатаму одат Јорганџиите.
Барселона и овој меч како и првиот, го заврши со играч помалку на терен, исклучен беше Ерик Гарсија во 79-та минута. Атлетико имаше помалку шутеви, се бранеше, но трети пат по ред ја елиминира Барса во ЛШ кога овие два тима играат меѓусебе во елитното европско натпреварување.
Во полуфиналето, ПСЖ ќе игра со Баерн Минхен или Реал Мадрид, додека Атлетико ќе игра со Арсенал или Спортинг Лисабон.

