Напаѓачот на Ливерпул и на француската репрезентација, Уго Екитике, веројатно се здоби со тешка повреда која можеби ќе го спречи да игра на претстојното Светско првенство кое почнува за помалку од два месеца.
Екитике вечерва се струполи на земја без контакт со противнички играч и на носила беше изнесен од теренот. Сомнежите се дека има тешка повреда која ќе го остави без Мундијал.
Неговиот сонародник и соиграч, Ибрахима Конате, потврди дека не е добро.
„Многу сум тажен поради него. Искрено, мислам дека е лоша повредата. Не знам, му испраќам молитви и поддршка“, рече Конате.
Тренерот Арне Слот рече дека не знае каква е повредеата, не го видел Екитике по мечот бидејќи Французинот заминал дома.

