Арсенал ја направи гол-акцијата на сезоната, но се спаси од пораз кај Вотфорд

Вотфорд после трите порази по ред, сега има две ремија, откако одигра 2-2 против Арсенал, но според тоа што се случувапе во финишот, домашните треба да бидат незадоволни од резултатот, иако Топчиите водеа со 2-0. Надмудрувањето на шпанските тренер заврши нерешено.

Головите за Арсенал ги даде Обамејанг, а особено убав беше вториот кога играчите од лондонскиот тим имаа 20 додавања по ред пред да дадат гол. Ова е најдолгата акција крунисана со погодок сезонава во Премиерлигата.

Сепак, во второто полувреме Арсенал реши да го брани водството и не успеа. Вотфорд даде два гола, а не искористи прилика и да ги освои трите бода. Вотфорд беше единствен тим кој во минатата сезона не успеа да постигне гол во барем едно од двете соочувања со Арсенал, па сега надомести со два погодоци.

Арсенал е тим со најмногу голови примени од пенал од почетокот на минатата сезона наваму. Од април 2016 се немаше случено Арсенал да испушти водство од два гола разлика и да не победи.

- Оглас -

Најнови вести