Арсенал ќе биде хендикепиран во финишот на сезоната, капитенот има маларија (Фото)

Пјер-Емерик Обамејанг ќе мора да паузира уште извесно време бидејќи има маларија. Капитенот на Арсенал објави на „Инстаграм“ дека сега сè е в ред со него и дека наскоро очекува да ја напушти болницата во Лондон, каде што е на лекување.

„Ви благодарам на сите за пораките и повиците со кои ми дадовте сила да ја надминам ситуацијата. За жал, имам маларија од пред неколку седмици, кога играв за мојата репрезентација Габон. Бев хоспитализиран, но сега сум многу подобар“, објави, меѓу другото, Обамејанг.

Капитенот на Арсенал не игра вечерва против Славија во Прага на реванш-мечот од четвртфиналето во Лигата на Европа, а секако не ги заборави соиграчите и порача дека ќе ги бодри за да минат понатаму.

 

- Оглас -

Најнови вести