Арсенал конечно стави крај на црната серија, со два гола во судиското продолжение ја победи Астон Вила (Видео)

Фудбалерите на Арсенал ја прекинаа серијата без триумф во Премиер лигата откако денеска со 4:2 славеа на гостувањето кај Астон Вила и тоа со два гола во судиското продолжение.

Арсенал на последните четири натпревари во Премиер лигата забележа по два порази и две ремија.

Натпреварот започна шокантно за Топчиите бидејќи Оли Воткинс со гол го круниса брзиот контранапад.

Топчиите брзо се опоравија од шокот и во 16-тата минута преку Букајо Сака го израмнија резултатот.

До крајот на првиот дел, беше постигнат уште еден гол. Тој гол беше дело на Филипе Кутињо во 31-та минута.

Топчиите во вториот тргнаа со сите сили кон голот на Мартинез, и успеаја да направат пресврт. Прво Зинченко во 61-та минута го израмни резултатот, а потоа Жоржињо со одлучен шут и со помош на голманот Мартинез, во судиското продолжение му донесе предност на Арсенал.

Конечниот резултат го постави Габриел Мартинели во 98-тата минута.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести