Арсенал мислел на Рики Пуџ од Барселона, го доби Одегард од Реал Мадрид

Арсенал само половично го исполни одличниот план според кој во клубот од Лондон требаше да дојде и Рики Пуџ од Барселона, заедно со Мартин Одегард, кој слета во јатото на Топчиите како позајмен играч од Реал Мадрид.

Само еден ден пред успешно да се реализира позајмицата на 22-годишниот Одегард, раководството на Арсенал побарало Пуџ да дојде во Лондон, исто така како позајмен играч, но Барселона ги одбила.

Шпанските медиуми објавија дека 21-годишниот талент на Барселона прифатил да оди на позајмица во Арсенал, за да игра и да има поголема минутажа, но веднаш се спротивставил Роналд Куман.

Тренерот на шпанскиот гигант инсистирал плејмејкерот да остане во клубот и ветил дека ќе добие поголема минутажа и простор за да игра за шпанскиот гигант.

Арсенал дури потоа ја повлекол сигурната варијанта и го реализира договорот со Реал Мадрид за позајмица на Мартин Одегард.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести