Арсенал не го дава Тореира на позајмица, бара од Милан 50 милиони евра

Лукас Тореира сака да си замине од Арсенал, но топчиите нема да го пуштат Уругваецот во Милан како позајмен играч, објавија англиските медиуми.

Милан му предложи на Арсенал, 23-годишниот дефанзивен играч за врска да се врати во Италија како позајмен играч, со право на откуп од росонерите за сума од 35 милиони евра.

Клубот од Лондон ја одби таквата варијанта и за 23-годишниот Уругваец бара 50 милиони евра отштета за тој да може да смени средина.

Тореира има искуство со настапи во Италија, каде играше за второлигашот Пескара, а потоа блескаше во Сампдорија. Од Џенова се пресели во Арсенал, но ни одблизу не игра на нивото што го прикажуваше во Сампдорија.

 

- Оглас -

Најнови вести