Арсенал плати 17,5 милиони евра за „Мистер кул“

Алберт Самби Локонга е нов играч на Арсенал и потпиша договор со Топчиите до 2026 година за сума од 17,5 милиони евра. Во договорот што ќе трае во следните пет години има и клаузула за евентуални бонуси од 4,5 милиони евра, што значи дека Андерлехт може да инкасира дополнителна сума на пари.

Локонга е голем талент, веќе имаше повик и за настап за белгиската репрезентација, а е помал брат на познатиот фудбалер Пол-Жозе М`Поку.

Интересно е што двајцата браќа настапуваат за различни репрезентации, Локонга е член на белгиската селекција од март годинава, а М`Поку настапува за Демократска Република Конго, откако ги мина сите возрасни категории за Белгија.

Локонга кој го има прекарот „Мистер кул“ досега имаше интересна традиција да го носи дресот со број 48 при 11-годишниот престој во Андерлехт, чиј член е од 10-годишна возраст.

Тој број го симболизира поштенскиот код за гратчето Вервие, каде порасна Локонго. Сега отстапи и го одбра дресот со број 23 во Арсенал, клуб што очекува многу од играчот за врска.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести