Арсенал има убедлива предност од седум бода пред Манчестер сити и Астон вила на премиерлигашката табела, но веќе размислува и за нови засилувања.
Иако летоска потрошија милиони за да ги доведат Ѓекереш и Езе, сепак зимава се уште се чека на прв трансфер на „топчиите“, но неизвесно е дали воопшто и ќе го има. Затоа раководството на Арсенал засилено се подготвува за летниот преоден рок.
Прва цел ќе биде офанзивецот на Атлетико Мадрид, Хулијан Алварес, за кого се подготвени да платат 100 милиони евра.
Иако за Аргентинецот има интерес речиси од сите позначајни екипи, сепак, понудата од „топчиите“ ќе биде тешко да се одбие.
Алварес за „јорганџиите“ одигра 84 натпревари и постигна 40 гола, а шпекулациите до сега говореа дека тој е најблиску до трансфер во Барселона, но тоа тешко да се случи, бидејќи „каталонците“ не можат финансиски да им конкурираат на останатите екипи.

