Арсенал постапи џентлменски кон двојниот европски првак

Арсенал постапи џентлментски кон двојниот европски првак Нотингам форест и прифати да играат со нив денеска во Карабао купот.

Топчиите ќе настапат само 48 часа откако ја победија Астон вила во меч од Премиер лигата сè со цел да им помогнат на фудбалерите на Нотингам форест да имаат повеќе време за подготовка за следниот меч од Шампионат лигата против Стоук во петок.

Следниот меч на Арсенал по денешниот со Нотингам ќе биде дербито со Манчестер јунајтед на гости во понеделник, на 30 септември, па популарните Топчии ќе имаат време да се одморат.

Интересно е што Нотингам форест во бурен меч лани го елиминира Арсенал во раната фаза од националниот куп на Англија, или ФА купот со победа од 4:2.

 

- Оглас -

Најнови вести