Арсенал преку пеналите до трофејот на Емирати купот

Фудбалерите на Арсенал по седми пат во клупската историја, а вторпат едноподруго триумфира во Емирати купот. Топчиите пред своите гледачи го совладаа Монако и тоа по пенал-рулетот. Регуларниот дел од мелот заврши 1:1, а по пеналите беше 5:4 за Арсенал.

Двата гола беа постигнати во првото полувреме, во 31-та минута, Камара шутираше од работ на шеснаесетникот, топката го удри Фофана по што го промени правецот и заврши во мрежата на Рамсдејл за водство на Монако.

Топчиите со првиот удар во рамките на голот на Монако дојдоа до израмнување. Мартинели одлично го изведе корнерот од левата страна, а Еди Нкетија израмни во 43-та минута.

https://twitter.com/i/status/1686796708133617664

Во второто полувреме немаше голови, па пеналите го одлучуваа победникот. Во пенал-рулетот, сите петмина играчи на Арсенал (Одегард, Жоржињо, Хаверц, Виеира и Габриел), додека кај Монако, Минамино промаши во четвртата серија.

- Оглас -

Најнови вести